Почетна

КОНГРЕСОТ Е ОДЛОЖЕН ЗА 2021 ГОДИНА

ИТНО И ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 7-МИ КОНГРЕС ПО ФАРМАЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани професори,
Почитувани предавачи,
Почитувани учесници

на 7 – миот Конгрес по фармација во Северна Македонија со меѓународно учество

Како што објавивме со предупредувачка порака минатата недела, 7-миот Конгрес на фармација во Северна Македонија со меѓународно учество во Охрид, кој беше закажан за 13-17 мај 2020 година, ќе биде одложен за 2021 година, поради тековното ширење на Корона (SARS-CoV-2) вирус низ Европа и согласно препораките на Министерството за здравство на Република С. Македонија.
Организаторите на Конгресот се горди и благодарни што повеќе од 1.000 учесници покажаа интерес за Конгресот преку нивна регистрација и истовремено сакаат да изразат жалење за сите непријатности што може да ги предизвика оваа ситуација.
Бидејќи многу земји, универзитети и компании имаат воведени забрана за патување или пак препорака за карантин по враќањето од патување, дојдовме до заклучок дека карактерот на „Конгресот” ќе биде изгубен под овие дадени, вонредни околности. Но пред сѐ, ние чувствуваме огромна одговорност за здравјето на нашите поканети предавачи, учесници и целокупната јавност.

Сите кратки трудови што ќе бидат пријавени до 30 март 2020, ќе бидат рецензирани од страна на членовите на Научниот одбор, по што авторите ќе бидат контактирани за да одлучат дали нивните кратки трудови сакаат да бидат објавени во Mac. Pharm. Bull. vol. 66 (Suppl 1) 2020.
Новите датуми за кратки трудови во врска со Конгресот во 2021 година ќе бидат објавени во септември 2020 година.

РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ПЛАТЕНА КОТИЗАЦИЈА: доколку сте учесник кој веќе има платено индивидуална котизација за Конгресот, Ве молиме пратете e-mail на mfd.mpa.mk@gmail.com.

Истовремено Ве информираме дека Конференцијата за медицински и ароматични растенија за земјите од Југоисточна Европа (11th CMAPSEEC) ќе биде одложена за 13-17 мај 2021 година, хотел Гранит, Охрид, С. Македонија.
Сите кратки трудови поврзани со темите: Фармакологија и фитотерапија (биоактивност, токсичност, етнофармакологија и етноботаника), производство на растителни супстанции и препарати (култивирање, размножување, биотехнологија и преработка), 360o канабис, откривање на лекови, контрола на квалитет и регулатива ќе може да бидат презентирани во облик на усна или постер презентација за време на Конференцијата и дополнително, истите ќе бидат објавени во Mac. Pharm. Bull. vol. 66 (Suppl 2) 2020. За новите датуми за регистрација и пријавување на кратките трудови, посетете ја: http://cmapseec.mfd.org.mk.

Претседател на Научен одбор                                                   Претседател на Организациски одбор

проф. Марија Главаш Додов                                                       проф. Руменка Петковска

ПЛАТИНЕСТ СПОНЗОР

ЗЛАТНИ СПОНЗОРИ

 

 

 

 

 

БРОНЗЕНИ СПОНЗОРИ

ПАРТНЕРИ НА КОНГРЕСОТ