Повик за кратки трудови

Повикот за кратки трудови е ЗАТВОРЕН.
* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *

Научниот одбор на 7. Конгрес по фармација во Северна Македонија со меѓународно учество донесе одлука поднесените научни трудови да бидат во форма на кратки соопштенија (трудови), бидејќи истите ќе бидат печатени во специјалното издание на Македонскиот фармацевтски билтен, волумен 66 (додаток 1), 2020.

Кратките трудови треба да се напишани на англиски јазик. Сите доставени кратки трудови ќе бидат разгледани од членовите на меѓународниот научен одбор и ќе бидат ќе бидат дистрибуирани до сите учесници на 7. Конгрес по фармација во Северна Македонија со меѓународно учество.

За да се обезбеди воедначен изглед на сите кратки трудови, Ве молиме следете ги упатствата наведени во делот Упатство за автори и ОБРАЗЕЦОТ за поднесување на кратките соопштенија кој може да го преземете од делот Поднесување на краток труд.

Ве молиме, внимателно прочитајте ги упатствата дадени подолу и во ОБРАЗЕЦОТ за поднесување на кратко соопштение (можете да го преземете од делот Поднесување на краток труд). Со веќе внесениот текст во образецот, можете да видите како би требало да изгледа структурата на краткото соопштение. Откако детално ќе ги прочитате упатствата, избришете го текстот и започнете со внесување на Ваш текст.

За прикачување на Вашите кратки трудови користете го само дадениот ОБРАЗЕЦ (пополнет со Вашиот труд) во Word верзија.

  • Сите кратки трудови треба да бидат напишани на англиски јазик, без граматички и правописни грешки.
  • При пријавувањето задолжително да се избере типот на презентација (орална или постер) и областа на краткиот труд.
  • Пополнете ги сите задолжителни полиња во електронскиот (on-line) формулар за пријавување.
  • Краткиот труд не треба да содржи табели и слики.
  • Авторот одговорен за презентирање на краткиот труд се очекува да биде присутен на Конгресот за да ја претстави својата работа како постер или усна презентација.
  • Авторот одговорен за презентирање на краткиот труд треба да ги извести/запознае сите ко-автори за содржината на краткото соопштение пред неговото пријавување.

Краен рок за поднесување на кратки трудови е 30 март 2020 година.

Меѓународниот научниот одбор ќе ве информира за прифаќање на краткиот труд до 1 април 2020 година. Прифатените кратки трудовиќе бидат презентирани од 14-16 мај 2020 година, усно или во форма на постер. Сите прифатени кратки трудови ќе бидат објавени во специјалното издание на Македонскиот фармацевтски билтен, волумен 66 (додаток 1), 2020.

Авторите на најдобрите избрани трудови и добитниците на  Наградата за млад истражувач ќе бидат поканети да ги прошират своите кратки трудови за објавување во редовното издание на Македонски фармацевтски билтен, индексиран од DOAJ и EBSCO.

Усни презентации

Расположливото време за усна презентација на труд е 20 минути, вклучувајќи 5 минути дискусија. Времето за усни презентации во Студентската секција е 10 минути. При презентирањето ќе биде овозможен LCD-проектор.

Постери

Постерите ќе бидат презентирани во рамките на постер секциите. Панелите за поставување на постерите се со големина: висина 70 см, ширина 100 см, со хоризонтална ориентација.

Поднесувањето на кратките трудови треба да се одвива преку следниве чекори:

  1. Креирање на профил во базата на поднесени трудови: КРЕИРАЈ ПРОФИЛ
  2. Симнете го ОБРАЗЕЦОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ на краток труд во кој треба да биде внесен Вашиот краток труд.
  3. Откако ќе се најавите на Вашиот профил, притиснете го копчето New Short paper и следете ги насоките дадени таму.

За прикачување на Вашите кратки трудови користете го само дадениот ОБРАЗЕЦ (пополнет со Вашиот труд) во Word верзија.

Оние кои не се во можност физички да присуствуваат, но имаат желба да објават резултати од својата научно-истражувачка работа во рамките на Конгресот, можат да се регистрираат во оваа категорија. Е-постерите ќе бидат прикажани на мултимедијални екрани поставени во салите каде што ќе се одржуваат постер секциите. Најпрво, авторите треба да го поднесат својот краток труд најдоцна до 15 март 2020 година. За време на процесот на поднесување на краток труд, Ве молиме изберете ја опцијата Постер презентација. Кратките трудови ќе бидат објавени во специјалното издание на Македонски фармацевтски билтен, волумен 66 (додаток 1), 2020.

Е-постерите треба да бидат во форма на Power point слајд, А4 (4:3) формат во хоризонтална ориентација и истите треба да се испратат на msimonoska@ff.ukim.edu.mk најдоцна до 15 април 2020 година.

Вашите Е-постери нема да бидат прикажани доколку не ја платите котизацијата за Е-постери најдоцна до 15 март 2020 година.

Младите истражувачи до 35 години се повикани да конкурираат за Награда за млад истражувач. Ве молиме при регистрацијата да го селектирате соодветното копче. Добитниците на Наградата ќе бидат ослободени од плаќање котизација за Конгресот и ќе бидат повикани да одржат усна презентација во соодветната секција. Наградените млади истражувачи ќе имаат можност да го прошират својот краток труд во облик соодветен за публикување во редовно издание на Mакедонски фармацевтски билтен, индексиран од  DOAJ и EBSCO.