Регистрација

Котизации

Котизацијата вклучува:
Присуство на научните сесии, вклучително и постер сесијата, сите материјали на Конгресот и Свечено отворање на 13 мај 2020 година.

Вашата регистрација ќе биде комплетирана со уплата на Вашата котизација за што ќе добиете и потврда на Вашиот профил на веб страната на конгресот

Ве молиме имајте ги предвид крајните рокови доколку сакате да ја платите цената за рана регистрација (банкарскиот трансфер може да потрае неколку денови)

Уплата преку банкарски трансфер од Република Македонија (МКД)
Примач: Македонско фармацевтско друштво – Конгрес на фармацијата во Македонија,
Банка депонент: Комерцијална банка АД, Скопје
ЕДБС: 4030985340642
Сметка: 300000004297621

Уплата со кредитна картичка е овозможена преку on-line системот СаЅуѕ. Само треба да влезете во модулот за плаќање (pay) на Вашиот on-line профил и да го изберете on line начинот на плаќање. Системот автоматски ќе Ви изготви фактура и ќе Ве пренасочи кон терминалот за безбедно плаќање на CaSys. По успешно завршување на плаќањето, ќе добиете потврда за успешна трансакција во модулот со што се резервира соодветната сума од Вашата банкарска сметка. Комплетирањето на трансакцијата е завршено по добивање на потврда од администраторот кој го проверува статусот на учесникот и платената сума.

Доколку сакате да ја откажете регистрацијата (50 € ќе бидат одземени поради административни трошоци), пратете порака на ngeskovski@ff.ukim.edu.mk, најдоцна до 30 април 2020. Повраток на средствата нема да биде возможен после овој датум.

Откако ќе се комплетира регистрацијата, ќе добиете потврдна порака. Статусот на вашата регистрација може да го следите и на Вашиот профил.