Студентска секција

Науката и истражувањето се од суштинско значење за напредокот во фармацијата и подобрување на општеството воопшто. Веруваме дека студентите можат да ги преземат активна улога по ова прашање бидејќи тие се ветување за иднината.

Студентите од интегрираната студиската програма – Магистер по фармација, се поканети да ги презентираат резултатите од својот дипломски труд или од било која научно-истражувачка активност каде учествувале во тек на студиите во облик на усна или постер презентација. Студентската секција ќе се одржи на 14 мај 2020 година. Презентациите ќе бидат оценувани од страна на меѓународен стручен одбор. Најдобрата усна и најдобрата постер презентација ќе биде наградена. При поднесување на краткиот труд, студентите треба да ја одберат опцијата Студентска секција.